Мињоните ги обожаваат децата во анимираниот филм, но очигледно истото се случува и во реалноста.
Имено, едно петгодишно девојче си играло со својата омилена кадифена играчка – Мињон, и во еден момент девојчето нагло паднало од третиот кат.
Она што е среќна околност во оваа приказна е тоа што при падот тригодишното девојче ја испуштило играчката, а потоа паднало право врз неа и завршило само со скршена рака.
Информацијата за херојот – мињон, ја потврдија и полицијата и итната помош кои пристигнале на местото на несреќата.