Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери од Италија

На денешната владина седница Владата ја разгледала и усвоила Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република, информираат од владината прес-служба.

„Овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во име на Владата на Република Северна Македонија, да го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во име на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО“, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа, не мериме Македонци или Албанци со кантар

На седницата, на предлог на Министерството за одбрана, Владата донела и одлука за испраќање припадници на Армијата за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија, информира прес-службата.

- Реклама -