Фатмире Исаку од редовите на Демократската партија на Aлбанците ќе биде новиот заменик министер за надворешни работи, објави „ТВ21“.
Информацијата ја потврдил и лидерот на ДПА – Мендух Тачи.
Во новата владина постава дојде до ротација на функциите на Бујар Османи и Никола Димитров. Додека Димитров стана вицепремиер за европски прашања, Османи го замени на позицијата министер за надворешни работи. Со Исаку на позицијата на негов заменик, за првпат МНР ќе го раководат двајца етнички Албанци.