Оригиналното Мини е познато во светот поради неговите деминутивни димензии. Но, за еден механичар, дури и Минито било премногу големо бидејќи тој сакал да го паркира во неговиот автобус.
Лестер Атерфолд поминал три месеци скусувајќи го неговото Мини од 1964 година со боја на цреша од 305 на 238 сентиметри. Тоа значи дека целиот автомобил, кој и покрај скусувањето достигнува брзина од 120 километри на час, може да биде транспортиран во внатрешноста на неговиот AEC Reliance автобус додека тој го обиколува светот.
За своето Мини Атерфолд рекол: „Луѓето често се смејат, особено девојчињата поради некоја причина.“ Пензионираниот механичар додал: „Минито е единствениот автомобил во светот кој можев да го внесам во автобусот, сите други се премногу големи и високи. Автомобилот ни дава слобода од автобусот додека сме на одмор. Ни овозможува да видиме и правиме нешто кои не би можеле ако го имавме само автобусот. Не можете да складирате ниту еден друг автомобил под вашиот кревет, плус, овој може да се смести и во најмалите паркинг места.“
Атерфолд го скусил оригиналното Мини така што отстранил 60 сентиметри од средината. Уникатната модификација чинела само 95 британски фунти и покрај тоа што господинот Атерфолд го опремил Миниот со нов мотор, трансмисија и контролна табла.