Милошоски: Софија бара Заев да прифати дека Гоце Делчев е Македонец во регионална, а Бугарин во етничка смисла

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски, повикувајќи се на дипломатски извори во Министерството за надворешни работи, го открива последниот предлог на Бугарија по прашањето за Гоце Делчев, кој, како што вели Милошоски, Софија очекува премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов да го прифатат на најавената нивна средба на 11 ноември.

Според него, од Заев и Борисов се очекува да ја прифатат следната дефиниција:

„Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.

Според (информациите на) Милошоски, потоа оваа дефиниција би се применила и на многу други историски личности, како: Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други.

Прочитајте и:  Заев и Ципрас со заедничка колумна: Без проактивен пристап, ЕУ ризикува понатамошно распаѓање во Западен Балкан

„Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија“, обвинува Милошоски.

- Реклама -