Мицкоски се сретнал со Ахмети во периодот кога се менувал Законот за Влада

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска рече дека средби меѓу ВМРО – ДПМНЕ и опозициските партии имало, но тоа било во периодот кога се менувал Законот за Влада и настанало преструктуирање на ресорите. Мицкоски кажа дека имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети кога се менувал овој закон, односно како што беше прашан во вчерашното интервју, откако веќе бил премиер.

-Тоа не е некоја нова вест, бидејќи прашањето кое вие го поставувате е резултат на едно мое вчерашно интервју, а прашањето беше Дали откако сте премиер сте се сретнале и мојот одговор беше да, и тоа е таа средба и претходно знаеше јавноста за таква средба кога се менуваше тој Закон. Така што тоа е и не нова вест, вели Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа, не мериме Македонци или Албанци со кантар

Што се однесува за протестите, Мицкоски одговори дека неговата изјава не е за протестите кои ги најавува опозицијата.

-Јас кажав дека сите протести во рамките на демократската атмосфера, мирниот дух се дел од демократските процеси. Тука нема никаква дилема. Ние тука како држава нема што да правиме и нормално е дека секој оној којшто има и се чувствува дека треба да протестира, сето тоа го прави на еден демократски начин, мирољубиво е добредојден, ние сме демократска држава. Македонија е демократска земја, суверена и така ќе продолжи да функционира. Но, доколку има насилство, ние како држава, како Влада да ја одбраниме суверинитетот, сигурноста и безбедноста на граѓаните, изјави Мицкоски.

- Реклама -