Мицкоски се чул со Борисов, му ја честитал победата и изразил надеж за стабилна влада и остранување на пречките кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал телефонски разговор со Бојко Борисов, лидер на Десничарската партија ГЕРБ која освои најмногу гласови на парламентарните избори во Бугарија, при што изразил уверување дека ќе се формира стабилна влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија.

-Денес остварив искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија. Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Тој очекува дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени, како што вели, од почит и разбирање, за доброто на сите нас.

- Реклама -