Michelin со визионерска гума што баш и не личи на гума

Michelin на меѓународниот форум за „зелен“ транспорт – Movin’On во Монтреал, Канада, претстави гума од иднината. Проектот наречен Visionary Concept, засега личи повеќе на скулптура, отколку на реална гума. Но, важна е идејата, развојот допрва претстои и ова е виза на Michelin за иднината. Задачата на концептот е да го привлече вниманието на публиката кон напредни студии и да ги поттикне креаторите за создавање на нови модели.

Основната идеја е дека гумата и тркалото се една целина, а хибрид смесата ги презема нивните функции. Французите не прецизираат од каков материјал е формиран прототипот, но се претпоставува дека ќе биде биокомплексен, со добри својства и отпорност на абење. Проектот е дел од развојната програма „безвоздушни гуми“, врз кој компанијата работи 12 години. Се претпоставува дека на гумата ќе може да го обновува нагазниот слој со 3D-печатат и дури да му се менува неговата структура пред тргнување, според очекувањата за каков тип подлога ќе биде наменет. За одржување на релевантни информации и функции во гумата се интегрирани сензори поврзани со вградената електроника. Избирајќи ја целта на своето патување, овој тип гума става во акција цела редица процеси. Во мрежата се избира соодветен цртеж на шарите и се испраќа во принтери, распоредени по патиштата. По кратко запирање автомобилот има нов нагазен слој и веќе добро подготвена за следната фаза од патувањето гума.

Автоплус

- Реклама -