Металург се навикнува да победува!

„Многу љубители на ракометот ќе имаат тешкотии да заспијат вечерва, но од вистински причини. Победите над гигантите стануваат навика за Металург откако ја совлада Барселона со 31-29, во тензичен меч. Храбрите Македонци, предводени од Лино Червар, не се исплашија од составот на Барселона исполнет со ѕвезди, како што се Никола Карабатиќ и Кирил Лазаров, и со беспрекорна одбрана го шокираа шпанскиот првак. Името на Червар беше на усните на секој навивач во „Борис Трајковски“ откако високоценетиот тактичар на генијален начин го испланира огромниот успех на Металург , пишува светскиот весник „Хендболпланет“, додавајќи дека Металург оствари еден од најголемите успеси во македонската спортска историја со победата над Барселона.

Пофалбите на сметка на Металург од страна на светските медиуми, дојдоа откако Металург ја порази големата Барселона по 37 меча, со 31-29 во 10. коло од Лигата на шампионите, во неделата во Скопје.

Со свој коментар се појави и  македонската репрезентација Ивица Обрван кој изјави дека победата влева оптимизам за она што го очекува клубот во  понатамошните дуели во Лигарата на шампионите.

„Успехот е до толку поголем ако се знае дека Барселона е најдобра светска екипа составена од најсилни ракометари, која многу ретко губи. Тоа е исто како да ја споредувате со славниот фудбалски клуб Барселона. Токму затоа добро знам што значи да се победи ваков ракометен гигант и какво е чувството потоа, бидејќи и јас го сторив тоа во сезоната 2011/2012, додека бев тренер во Загреб. Овој успех на Металург е уште еден доказ дека македонскиот ракомет оди во нагорна линија“, вели  Обрван.

Македонците се прсреќни за оваа победа, а тоа можеше да се види по честитките што пристигнаа на сајтот на Металург. Погледнете дел од нив:

Aдам Aдамо – Честито момци, честито Македонијо. Имаме јунаци со јуначко срце. Ова и го очекував од Металург, убеден бев во победата. Ви благодариме момци, најсилни сте.Продолжете и натаму со победите, па, дај боже, и со титула шампиони на Европа да се закитите. Секогаш ќе бидеме со вас и ќе ве поддржуваме. Да живее Металург, да живее Македонија. Од срце ви посакувам среќа и многу пехари. Честито момци – најсилни сте.

Рашко Teмелковски – Ви благодариме за совршениот крај на викендот!!! Најдобри сте, наша гордост.

Лидија Aтанасовска – Браво момци, не оставивте без здив со вашата пожртвуваност и самодоверба. Им покажавте на сите оние што ви се ситеа по поразот во Барселона како се игра од срце. Ви благодариме за убавата вечер и задоволството што ни го пруживте. Ви благодарам момциииии.

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи

Taле Joрданоски – Честитам! Червар во неколку наврати забележа дека нашиот народ страда од синдромот на самонегирање и повикал да имаме поголема почит кон себе си како Македонци и кон се што е македонско. Напред моја и наша Македонијо !

Mиле Tрајков – Господ му ја даде оваа вечер на Металург за да ја воскресне Македонија и да ја отрезне Европа, зошто само сонцето е постаро од Македонија.

Aва Meриќ – Целата екипа на Металург треба да се прогласи за играч на колото. Браво Шампиони.

Дановска Jaсмина – Никогаш немој да го потцениш помалиот или послабиот, бидејки никогаш не знаеш кога и како ќе те изненади. Не сметаа за слаби и мали, но, ние им докажавме дека треба да не респектираат.

Васко Maркоски – Ова треба да се запише во историјата на македонскиот ракомет. Напред Металург!

Славица Aџиовска – Ароганцијата ја уби играта на Барселона, а Лино и момците знаеја тоа добро да го казнат. Ова беше прекрасно да се гледа, ова е ден за паметење, ден што ќе се раскажува и прераскажува.

Maргарита Aцковска – Бевте прекрасни со вашата срчаност, храброст и борбеност, едноставно незаборавни. Ви посакувам уште поголеми победи. Срдечен поздрав до целиот состав и до раководството.

Aлександар Гигов Maцедониан – Е, ова е вистински македонски клуб, кој може да ги надигра дури и фаворитите за титулата во Лигата на шампионите. Металург е шампион!

Aце Шиниковски – Честитки до најсилната екипа. Сите го дадоа својот максимум, почнувајки од играчите, тренерот и публиката. Феноменална победа и прв пораз на Барселона по 36 натпревари, и тоа од нашиот Металург. Радувај се Македонијо! Металург е шампион.

Сашо Koнески – Металург, природно си е природно…..

Владимир Бадаровски – Честито момци, денеска си докажавте себе си, а и на овој народ, дека во никој случај не сме мали Браво!

Христијан Николовски – Честитки. Браво момци, покажавте како се игра со срце. Да живее големиот Металург!!

Наташа Aтанасовска –Честитки од срце за нашите амбасадори. Само напред. Браво од срце.

 

 

 

- Реклама -