Мерцедес направи специјални часовници

Компанијата Mercedes-Benz во соработка со американската фирма Pebble Technology разви паметни часовници за возачите. Уредите ќе бидат прикажани на почетокот на следната година за време на саемот CES 2014.

Со помош на овие часовници сопствениците лоцирани на оддалеченост од возилото, ќе можат да добијат информации за тоа каде се наоѓа нивниот автомобил, колку гориво има во резервоарот, а така исто така да потврдат статусот на централната брава. За време на возењето, часовниците ќе го информираат возачот за сообраќајни застои или работа на патот пред нив. Сигналите стигнуваат и преку вибрации. Информациите од други автомобили се добива по технологијата V2V.

Паметните часовници на Mercedes-Benz имаат три копчиња, преку кои можат да бидат поставувани претходно подготвени програми. Интересно е дека и Јапонците од Toyota развиваат слични уреди, но од Mercedes успеаја први да ги опретстават.

 

 

- Реклама -