Некогаш беа знак на престиж и надмоќ, но полека, големите V12 мотори ја губат битката со времето.
Напредокот на техниката и еколошките трендови не им одат во прилог на симболите на ексклузивноста во светот на автомобилите, меѓу кои спаѓаат и комплицираните и скапи V12 мотори. Заради тоа, одговорните во Daimler ќе им ги препуштат на своето AMG одделение, кое во иднина ќе биде задолжено за развој и производство на овој техничкиот специјалитет за целата куќа.
Прв модел во кој ќе биде вграден V12 мотор од AMG се очекува да биде новиот Mercedes S 600, кој ќе се појави идната година.
Како синоним за врвна ексклузивност, денес V12 мотори во своите модели вградуваат само Audi, BMW, Mercedes, Aston Martin, Bentley, Rolls Royce, Ferrari и Lamborghini.