Mercedes CLA со официјални фотографии

Mercedes одлучи да ги објави првите официјални фотографии на новиот модел CLA. Германците тоа го сторија пред официјалната премиера која е закажана за јануари 2013 година, за време на автомобилскиот салон во Детроит.

Mercedes CLA, познат уште како „бејби CLS“, ги задржува контурите на концептната верзија претставена пред една година. Всушност, Mercedes за ова свое остварување ја користи базата од A-Class и на некој начин ова претставува нејзина модификација. Ќе биде понуден на пазарот со три бензински и еден дизел мотор. Кај бензинските новина е четирицилиндерскиот турбо во три верзии на моќноста, CLA 180 со 122 КЅ, CLA 200 – 156 КЅ и CLA 250 – 211 КЅ. Дизелскиот CLA 220 CDI ќе располага со 170 КЅ.

Топ AMG верзијата на CLA ќе добие 2,0 литарски турбо мотор со 335 КЅ. Тој ќе се појави подоцна и со 4MATIC погон на четири тркала.

12

- Реклама -