Mercedes-Benz додава уште еден мотор во гамата на C-Сlass, како и две нови нивоа на опременост – AMG Sport и AMG Sport Plus. Верзиите купе, седан и комби веќе ќе се нудат со 1.6 литарски агрегат – BlueEfficiency.
Моќноста на новиот мотор е 152 КС, а максималниот вртежен момент – 250 Nm. Според производителот потрошувачката на гориво со овој мотор е 6 литри на 100 изминати километри, а емисијата на СО2 е 138 g/km.
Во опремата AMG Sport влегуваат 17-инчни фелни од лесна легура, како и халегони предни светла. Верзијата AMG Sport Plus пак располага со 18-инчни двобојни фелни и млазен спојлер AMG. Во салонот на оваа модификација има и спортски предни седишта.
Објавено во соработка со Авто Плус.