Следната генерација на престижната лимузинска изведба на Mercedes-Benz треба да биде најбезбедно возило на светот. Барем така тврдат неговите креатори кои очекуваат моделот да биде лидер во две насоки – технологија и луксуз.
Веќе истакнавме дека лимузината беше прикажана на затворена за јавноста презентација, односно манифестација на која биле поканети само одбрани клиенти на Mercedes-Benz. Но, некои од нив открија она што треба да се очекува од новиот S-класа, а за нив досега не се знаеше ништо.
Таа ќе се нуди со изборор на 11 бои, а опремувањето на ентериерот ќе биде од скапи кожи и разни видови дрво. Во опремата на ентериерот ќе има мултимедијален систем Comand со нов интерфејс и 12,3-инчен дисплеј со екран на допир. Како опција ќе се нудат задни седишта кои можат да се регулираат во 10 позиции, панорамски стаклен покрив и систем за јонизација и ароматизација на воздухот во внатрешноста.
Новата генерација ќе добие состав за активна безбедност, во кој влегува и иновативен систем за ноќно гледање, кој ќе открива луѓе, или пак животни на патот. Тој ќе може да ги активира сопирачките на возилото до потполно запирање. Освен тоа, машината ќе располага со активни безбедносни ремени.
Во новата S-класа ќе дебитира и новиот систем за управување со потпирањето, кој го носи името Magic Body Control. Благодарение на камерите, тој ги следи промените на патот и може да ја регулира амортизацијата и да ја адаптира на условите на подлогата, по која се движи возилото.
Името на новиот 9-степен автоматски менувач е 9G-Tronic. Тој е развиен како наследник на актуелната 7-степена трансмисија. Предност на новата трансмисија е да ја подобри економичноста на гориво и да обезбеди уште порамномерно управување. Менувачот ќе биде монтиран надолжно и ќе се комбинира со секој мотор. По дебито во S класа тој ќе се појави и во останатите претставници од палетата на Mercedes-Benz.
Според информациите од Mercedes-Benz производство на S-класа ќе стартува во август, а продажбата – во септември. Најскапите модификации – S500 4Matic и S63 AMG 4Matic ќе се појават во ноември. Моделот ќе се нуди во четири различни варијанти на каросеријата. Првиот ќе се доближува максимално до актуелната S класа и ќе биде со две различни по должина бази, следниот ќе биде пространа кабина, што ќе го замени CL, третиот ќе биде лимузина во стилот на 600 Pullman од 60-тите години, а четвртиот ќе е производна верзија на концептот Ocean Drive прикажан во Детроит, во 2007 година, кабриолет со четири врати.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.