Mercedes-Benz го воскреснува заборавениот SEC во нов модел

Mercedes-Benz се откажа од името SEC во 1993 година, но сега размислува да го врати на пазарот во форма на купе со четири врати.

benz1Во моментов во палетата на брендот има две купе верзии со 4 врати – компактниот CLA и поголемиот CLS. Германците сакаат да пуштат нов предводник во овој сегмент, кој треба да биде готов најдоцна до 2021 година.

benz2Во 80-тите години на минатиот век луксузниот SEC (Sonderklasse Einspritzmotor Coupe) користеше основа на седанот S-класа – W126 и W140. Во 1993 година, сепак, на пазарот излезе моделот S Coupe, кој се произведува под тоа име и до денес.

benz3Според информациите новиот автомобил всушност ќе претставува модификација на S-класа чија предна и задна страна ќе бидат позајмени од S-класа Coupe. Сличен модел сепак ќе може да биде направен само кај следната генерација на предводникот на брендот. Тој ќе добие нов тип воздушно потпирање, уште помоќни мотори и бројни иновативни технолошки решенија.

Автоплус

- Реклама -