Додека луѓето се уште се делат на обожаватели на Mercedes-Benz и BMW, еден оптимист решава да ги соедини и двете страни, создавајќи нешто што не сте го виделе до сега. Во далечната 1964-та година се раѓа легендарниот Mercedes-Benz 190 и станува вистински хит, но во 2009-та година веќе се движи со последни сили.
Сопственикот Елиас решава дека неговиот автомобил има потреба од нови сили и веднаш го соблекува стариот дизел мотор, кој остава простор за мотор од BMW M50B25.
Потоа доаѓа идејата за пумпање, но пред тоа се зајакнуваат сопирачките, а со нив се заменува и системот за гориво, свеќите и многу други. По сите интервенции, автомобилот добива моќност од 485 коњски сили и во моментов се подготвува за дрифтање. Следната фаза е да стигнат до моќност од 700 коњски сили.