Mercedes-AMG E63 – жесток конкурент на BMW M5

Mercedes-1000-1

Автосалонот во Женева е местото на кое шефовите на големите компании освен што претставуваат нови модели, откриваат и дел од плановите за иднина, за изведбите кои допрва треба да се појават.

Mercedes-1000-2

Тобиас Моерс, кој управува со Mercedes-AMG за некои медиуми откри дека во следните два месеци пред публика ќе биде прикажан Mercedes-Benz E43. Седанот ќе го добие истиот агрегат, на кој се потпираат седанот и кабриолетот Mercedes-AMG C43 4Matic. Тоа е 3,0-литарски би-турбо мотор со 6 цилиндри, кој развива 367 КЅ и 520 Nm вртежен момент. Моторот работи во комбинација со 9-брзински автоматски менувач и систем за погон на четири тркала. Со овој агрегат лимузината забрзува од 0 до 100 km/h за 4,7 секунди, но се очекува поради поголемата тежина E-класа да биде малку побавна и да го прави истото за околу 5 секунди.

Mercedes-470-3

До крајот на годината треба да излезе и уште помоќна верзија на моделот. Таа ќе го носи името E63, а отсега беше наречена „убиец на BMW M5“. Овој автомобил ќе добие би-турбо V8 мотор со зафатнина од 4,0 литри и моќност од 600 КЅ.

Автоплус

- Реклама -