Меџити повикува на смиреност: Нема да дозволиме да се укине Законот за јазици и да се наруши духот на соживотот

Сите да ги сочуваме ладнокрвноста и мирот, повика на социјалните мрежи првиот вицепремиер Изет Меџити, потенцирајќи дека во изминатиот период Владата работела и продолжува да работи и натаму на надминување на предизвиците и на смирување на тензиите.

Меџити истакна и дека коалицијата ВРЕДИ се на иста страна со сите Албанци во врска со Законот за јазици и дека тие, како дел од институциите, се гаранција дека нема да има ускратување на стекнатите права.

„Во врска со Албанскиот јазик, ние сме на иста страна со сите Албанци. Никој не треба да има ниту најмала дилема во врска со ова! Стекнатите права не смее да се укинуваат или скратуваат. За ова гаранција сме ние, претставниците на граѓаните во институциите. Како Влада работиме на изнаоѓање на долгорочни решенија за создадените и наследените проблеми и затоа ги усогласуваме дејствувањата, ставовите и определбите со сите релевантни општествени актери и фактори.
Владата е во постојана координација и дејствување. Заедно со Собранието и останатите општествени дејци со внимание го следиме секој јавен настап, секое дејство, секоја акција и реакција. Како одговорни институции нема да дозволиме да се укине Законот за употреба на јазиците ниту пак да се наруши духот на соживотот гарантиран со Охридскиот договор“, напиша Меџити.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Тој додаде дека изразуваат поддршка за сите јавни иницијативи, било поединечни или колективни, чија што главна цел е, како што вели, да се заштити но и унапреди службената употреба на Албанскиот јазик.

„Дневните партиски препукувања се помалку битни од Албанскиот јазик“, заклучи Меџити и уште еднаш повика „заеднички да го одржиме мирот и ладнокрвноста“.

- Реклама -