ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

„Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој тој и сите околу него редовно го крадеше и запоставуваше“, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на „интегративците“ се појави во кампот на „стражата на јазикот“ и не толку суптилно му се закани на Уставниот суд да ги повлече сите иницијативи за Законот за јазици.

Уште посурова, според ВМРО-ДПМНЕ, е реалноста што Ахмети останал маргинализиран затоа што, како што велат, е прочитана книга.

„Функционерите на ДУИ протестираат против судиите на ДУИ. Не се работи ниту за правата на Албанците, ниту за тоа дека Уставниот суд ќе донесе некаква драматична одлука, туку се работи единствено за кариерите на десетина души чија професија стана да бидат редовни душегрижници за човековите права кои редовно ги газат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Му порачаа и да престане со заканите по стабилноста на земјата и соживотот.

„И доста Ахмети се заканува како мома на чешма, фрла клетви, злоупотребува човечки судбини. Театарот наречен ДУИ треба да престане. Светот нема да престане да постои што ДУИ е опозиција“, стои во рееакцијата.