Медот е добар лек против мамурлак

Медот е одличен продукт кој едноставно е здрав за целото тело. Се вели дека кралицата Клеопатра била толку убава затоа што се бањала во млеко во кое бил растворен мед. Денес се знае и дека со мед можете да се борите против мамурлак.

Експертите велат дека само три лажички мед се доволни мамурлакот да престане. Фруктозата која се наоѓа во медот брзо ќе го активира организмот и ќе го елиминира алкохолот од него.

Доколку имате проблеми со настинка или грип, не барајте веднаш лекови туку користете го медот активно, а доколку имате проблематично лице користете го медот како маска.

Не посегнувајте веднаш по скапи лосиони бидејќи медот е навистина одличен кога е во прашање здравјето на вашата кожа.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -