McLaren ќе заврши со традиционалните автомобилски бришачи, откако разви систем за чистење на ветробранското стакло врз основа на ултразвучен генератор. Сличен систем се користи за чистење на стаклата на воените авиони – ловци.
Со новиот систем производителот на суперспотски изданија се надева дека ќе обезбеди подобрена видливост за сопствениците на моделите, и ќе ја зголеми аеродинамичноста, со што тие ќе станат поекономични. Системот користи генератор на звучни бранови со фреквенција од 30 килохерци кои минуваат по ветробранското стакло и уништуваат од надворешната страна практично сè – од капките вода и ледени наслаги до мртвите инсекти и калта.
Ова ќе овозможи да се отстранат од автомобилот традиционалните бришачи, погонот и електромоторот, со што ќе се намали масата на автомобилот и ќе ја подобри прегледноста.