Mclaren подготвува конкурент на Ferrari Laferrari XX

Според различни гласини, британската марка McLaren веќе започна со работа на тркачка модификација на P1, која ќе конкурира на слични модели, меѓу кои и Ferrari LaFerrari XX.

Според материјал објавен на worldcarfans.com, болидот од Островот ќе се нуди само на клиентите на стандардниот P1. Гласини има дека токму клиентите на P1 сами побарале соодветен развој на моделот, погоден за употреба само на некоја тркачка патека.

Се проценува дури дека McLaren ќе држи автомобилите кај себе и ќе покани нивните сопственици само на посебни места и настани, каде што можат да ги возат. Истото би требало да стори и Ferrari со LaFerrari XX . Очекува P1 Track (името е неофицијално ) да располага со пониско потпирање, радикален дизајн и малку повеќе сила од хибридниот систем.

- Реклама -