McLaren P13 готов во 2015 година

За тоа дека McLaren подготвува конкурент на Porsche 911 Turbo се зборува упорно неколку месеци. Шпекулации веќе нема, јасно е дека новиот модел на британскиот производител ќе излезе на пазарот во 2015 година.

Уште во текот на летото на патеката во Нирбургринг беше снимен тест прототип, кој првично беше најавен како наследник на12С. Подоцна се покажа дека тоа е новиот McLaren P13, чија основна верзија ќе чини околу 140.000 евра. За споредба, цените на Porsche 911 Turbo стартуваат од 162.000 евра.

467_McLaren-P13-470-2

Според стајлингот новиот P13 има доста на индикации со неодамна лансираниот P1, иако ќе биде значително помал од него. Новото спортско купе на McLaren ќе има турбо V8 мотор со зафатнина 3.8 литри и моќност 450 КЅ. Сите тие ќе се пренесуваат на задните тркала. Се очекува моделот на Британците да биде побавен при забрзување од Porsche 911 Turbo, кој се потпира на систем за погон на сите четири тркала. Германскиот спортист е со моќност од 520 КЅ и до стотка стигнува за 3,4 секунди. McLaren P13 сепак е полесен од вашиот конкурент – 1400 килограми, во однос на 1595 kg за моделoт на Porsche.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -