McLaren нема намера да создава модел кој би бил директен ривал на Porsche Cayman. Ова го изјави главниот дизајнер на британската марка Роберт Мелвил, кој појасни дека приоритетни модели на McLaren ќе останат 540С и 570S кои се ривали на Porsche 911.
– Ривал на Cayman е премногу голем чекор за нас, појасни Мелвил. – Еден таков автомобил нема да биде доволно ексклузивен за McLaren. Погледнете што прават Ferrari, тие одржуваат модели во повисоките ценовни категории. Нашиот 570S ни овозможува да се бориме со Audi R8 и 911, што е најниско пазарно ниво на кое сакаме да слеземе.
Мелвил објасни дека 570S е создаден за оние клиенти на McLaren кои сакаат спортски автомобил да возат секојдневно. Според извори од McLaren, компанијата планира кабриолет верзија на 570S и трет модел – најверојатно во класата GT, како последна опција, која ќе изгледа доста различно од 570S. GT-варијантата на 570S се очекува да биде претставен на почетокот на 2016 година, а кабриолет верзијата на моделот најверојатно ќе дебитира во 2017.