Mazda подготвува помоќни верзии на MX-5

Mazda работи на помоќни верзии на новата генерација на родстерот MX-5. Тоа го призна шефот на PR-одделот на јапонскиот производител, Кудо Хидетоши, во интервју за изданието Motoring.

– Новата генерација на Mazda MX-5 ќе остане во гамата барем 10 години, па затоа имаме доволно време за да се направат многу варијанти на возилото. Сосема сериозно ја разгледуваме можноста за создавање на верзија со турбо-мотор, како и MPS-модификација, коментира Хидетоши.

Според Motoring набилданата варијанта на MX-5 ќе добие 2,5 литарски мотор од семејството SkyActive-G употребен и за Mazda3. Што се однесува до верзијата со турбо-мотор таа ќе се одликува со ниска емисија на штетни гасови и потрошувачка на гориво.

Новата генерација на родстер Mazda MX-5 беше прикажана во септември 2014 година Моделот е изграден на нова платформа која му гарантира најнизок центар на гравитација. Самиот автомобил е 100 килограми полесен од својот претходник. Автомобилот на прво време се нуди со два атмосферски мотори – 1.5 и 2.0 литри од семејството SkyActive. Моќноста на првиот е 131 КЅ и 150 Nm, а на вториот – 157 КЅ и 200 Nm.

- Реклама -