Материјал што се регенерира

Повеќе... Најновиот изум на научниците е материјал кој може да се регенерира откако ќе се скине. И за што ќе се користи овој неверојатен материјал? Сега – засега најавено е само дека од него би можеле да се прават хулахопки.

30793_1_468c.jpegНајновиот изум на научниците е материјал кој може да се регенерира откако ќе се скине. И за што ќе се користи овој неверојатен материјал? Сега – засега најавено е само дека од него би можеле да се прават хулахопки.

Кога овој материјал би се скинал, со спојување на парчињата заедно 15 минути тој повторно ќе се залепи како ништо да не се случило без притоа да се користи лепило. Овој нов материјал се однесува како гума, меѓутоа за разлика од гумата, откако ќе се скине или скрши тој може повторно сам од себе да се состави.

Материјалот е креиран од научниците во Франција кои за да го направат експериментирале со различни групи на молекули кои се поврзуваат меѓусебно преку водородни врски, онакви кои ги држат поврзани молекулите на водата. Новиот материјал е направен од едноставни состојки – масни киселини од растителни масла и уреа, која ја има во урината. Од него во иднина би можеле да се прават хулахопки кои нема да се кинат, но постојат и голем број на намени каде овој материјал би можел да се примени, замислете си само облека која не се кине, па се до вештачки коски кои се регенерираат. [Laddered tights that can repair themselves]

- Реклама -