Philip M. Parker е веројатно автор на најголем број книги на светот. Во моментов со неговото име се потпишани над 85.000 книги, а таа бројка брзо се зголемува зошто тој веројатно е и најбрзиот писател на светот.
Philip M. Parker е веројатно автор на најголем број книги на светот. Во моментов со
неговото име се потпишани над 85.000 книги, а таа бројка брзо се
зголемува зошто тој веројатно е и најбрзиот писател на светот.
Неговите книги опфаќаат и огромен опсег на најразлични теми, 188 книги поврзани со темата чевли, 10 само за бродови, 299 за восок, неколку опсежни книги за авокадото, за замрзнатиот аспарагус во Индија, тоа е само многу мал дел од темите опфатени во неговите книги. Кога ќе се зафати со некоја нова тема Parker ја обработува многу детално и опсежно во неколку стотици книги.
За илустрација, тој е автор на книгата „Преглед на четките и држачите за WC и купатило во САД за 2007-2012“ година која има 677 страници и се продава за цена од 250 фунти. Оваа книга доживеа шест изданија кои се однесуваат на истата тема, но за различни делови во светот.
На Amazon.com можат да се најдат и купат во овој момент 85.759 дела на Parker, а тој самиот тврди дека вистинската бројка е всушност околу 200.000.
Како е возможно еден човек да напише толку многу книги?
Parker, кој е инаку професор од Франција, го пронашол (и патентирал) клучот на неговиот успех – машина која сама пишува книги. Тој тврди дека и е потребно 20 минути за да напише нова книга. Машината што пишува книги функционира, во принцип, многу едноставно. Најпрво се одбира жанрот на книгата, потоа се поврзува со база за податоци што се однесуваат за темата на книгата, компјутерот ја користи шемата на жанрот и ги селектира податоците форматирајќи ги во форма на книга. Доволно е да постои само насловот на книгата, а кога веќе купувачот ќе ја порача, за 20 минути ја добива целата книга.
Се сомневам дека некоја од овие книги ќе стане бестселер, но мора да признаеме дека има голем избор на наслови.