Французинот Romain Jarry дошол до едно бизарно решение за сопствениците на валкани домашни миленици – машина која го претвора миленикот од валкан во свежо исперен само во рок од триесетина минути.
Французинот Romain Jarry дошол до едно бизарно решение за сопствениците на валкани домашни миленици – машина која го претвора миленикот од валкан во свежо исперен само во рок од триесетина минути.
Dog’O’Matic е името на оваа автоматска машина за перење кучиња. Целиот процес трае околу 30-тина минути: 5 минути перење и дополнителни 25 за сушење со топол водух. Триесетгодишниот Romain Jarry инсистира на фактот дека оваа направа не е сурова: „На кучињата не изгледа дека им е здодевно внатре. Тие само седат таму и по неколку минути излегуваат чисти… а за секој случај, вратата може да биде отворена во секој момент за доколку кучето испаничи, тоа да излезе надвор.“ Дали е сурово или не, одлучете сами. Фотографиите на (жртвите) зборуваат сами за себе.