Maserati со електрично GT до 2020

масерати

Италијанскиот производители и член на FCA – Maserati, ги објави своите намери во врска со електричниот погон. Автомобилот воопшто нема да биде директен конкурент на компанијата на Елон Маск – седан или SUV, туку ќе биде луксузно купе или наречено накратко GT.

Колку и да е чудно, информацијата не доаѓа од Серџо Маркионе, извршниот директор на FCA, туку од Робетро Федели – инженеринг директор на компанијата, кој неодамна застана на оваа позицијата, откако претходно беше прв човек на „i“ одделот на BMW. Тој воопшто не смета дека Tesla е најдобриот производ на пазарот, иако продаваат речиси 50 илјади парчиња само електрични возила. Изработката и квалитетот на автомобилите го споредува со она рамниште на германските автомобили од 70-тите години. Федели додава уште дека е едно масовен производител да произведува автомибили, а сосема друго, некој горд и препознатлив гигант, кој држи за оригиналноста и се одделува од другите по многу нешта.

– Електричниот автомобил е нешто сосема различно од моделите кои ги нудиме во моментов на пазарот, ние мора да создадеме чувство кое нема да исчезне по притисокот на педалот за гас. Освен тоа, во електричниот автомобил се чувствува дека сте дел од ваков автомобил и тоа не ви дозволува „да уживате“ во управувањето како со нашите сегашни производи. Тоа е нешто што е тотална спротивност со вредностите на компанијата и ние треба да најдеме соодветни решенија, изјави Федели. – Три години се доволно долго време за развој и со овие заклучоци очекуваме дека производителот нема да изневери. Од другата страна пак, Tesla однесе доволно критики за ентериерот на автомобилите, особено што за нив се плаќа завидна цена. Затоа ние ќе изкористиме дел од многуте предлози од моделите со мотор со внатрешно согорување кои спокојно би ги замениле и би ни донеле поголема удобност.

Автоплус

- Реклама -