Maserati ќе прави свое LaFerrari?

b81201a4-ab40-4a17-9c1a-ac3d81c1faee_790[1]

Италијанскиот производител на спортски и луксузни модели Maserati ја разгледува можноста за лансирање на нов супер модел. Ова го потврди и генералниот директор на компанијата, Харолд Вестерн, кој напомена дека во неговата основа треба да биде хибридниот LaFerrari.

Идеолошки новиот автомобил ќе го наследи Maserati MC12 кој се произведуваше во периодот 2004-2005 во серија од само 50 примероци. Тие беа хомологирани како тркачки автомобил. Според зборовите на Вестерн се уште нема конечна одлука, но речиси сигурно идејата ќе биде позитивно решена. Шефот на Maserati е категоричен дека неговата компанија има ресурси за да може да се реализира еден ваков проект. Вестерн исто така е на мислење дека ставање на нова супер модел во никој случај нема да ги наруши плановите на производителот.

 

Последниот нов модел на Италијанците е кросоверот Levante, а неодамна предводникот на брендот Quattroporte претрпе сериозно реновирање. Тоа наскоро претстои и за помалиот Ghibli. Следната година компанијата ќе пушти на пазарот наследник на купе верзијата GranTourismо, но иако се најавуваше, нова генерација на кабриолетот GranCabrio ќе нема. Во 2018 година ќе излезе серискиот спортски модел Alfieri кој ќе се нуди и во целосно електрична верзија. Таа ќе биде директен конкурент на моделите на Tesla Motors.

Автоплус

- Реклама -