Мас: Недозволиво е ЕУ да биде заложник, правото на вето на земјите членки мора да биде укинато

Недозволиво е ЕУ да биде држена како заложник и затоа унијата треба да го укине правото на земјите-членки кое им овозможува да стават вето на одлуките од областа на надворешната политика на унијата, порача денеска шефот на германската дипломатија – Хајко Мас, пренесува „Дојче веле“ на македонски.

Според него, земјите-членки што го користат ветото за да ја парализираат надворешната политика на Европската унија, со тоа ја загрозуваат самата кохезија во унијата.

„Затоа кажувам многу отворено: Ветото мора да замине, дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“, порачал Мас.

Иако тој не посочил конкретна земја-членка, повеќе од веројатно изјавата се однесува на Унгарија (а не на Бугарија, како што веројатно би се понадевала македонската јавност). Прочитајте ТУКА.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -