Група ентузијасти заинтересирани за истражување на вселенските пространства го започнаа проектот Mars One. Доколку сè оди по планот, првата населба на Марс треба да заживее во 2023 година. Но, ако сакате да живеете таму, треба да знаете дека нема повратен билет.
Се работи за проект што во целост е финансиран од приватни извори и врз него нема да може да повлијае политиката на која било држава. Плановите се веќе детално разработени, а обезбедени се и снабдувачи за сите делови од опремата. Целиот проект ќе биде детално набљудуван, во секоја етапа, со што ќе биде направен и следниот „голем чекор за човештвото“.
{youtube}6QoEEGySGm4{/youtube}
[Mars One]