Свечена церемонија во Париз на која се одбележуваат 100 години од крајот на Првата светска војна и на која присуствуваат сите светски лидери, а баш во моментот кога францускиот претседател Емануел Макрон држи емотивен говор, не е идеалното место да задремете. Уште помалку идеално е на таков настан да задремете на две места од актуелниот американски претседател. Но баш тоа му се случи на мароканскиот крал Мухамед VI, кој освен од камерите беше „уловен“ и од самиот Доналд Трамп. Реакцијата е пресмешна, а на социјалните мрежи веќе прераснува во ново меме.
Trump looks annoyed near snoozing Moroccan king during #Macron's #WW1centenary speech https://t.co/LuzE7EDqOf pic.twitter.com/Clw4HL6WHW
— RT (@RT_com) November 12, 2018