Home Технологија Автомото Maркес доминира и натаму во MotoGp сезонава

Maркес доминира и натаму во MotoGp сезонава

0

Возачот на Honda, актуелниот шампион, Шпанецот Марк Маркес ја оствари својата петта последователна победа сезонава, односно не дозволи никакво изненадување и на петаката Ле Ман, за ГН на Франција.

Актуелниот светски шампион пет пати тргна од пол-позицијата годинава и оствари исто толку победи во 2014 година. Шпанецот е апсолутен лидер на табелата со освоени максимални 125 поени. Втор е неговиот клупски колега во Honda, Дани Педроса со 83 поени, следен од Валентино Роси oд Yамаха со 81 и Андреа Довициозо на Ducati со 53 бодови.

Докторот, кој очекува продолжување на договорот со Yamaha за нови две сезони, заврши на второто место во Франција и ја потврди добрата форма во оваа година, но за жал е далеку зад супериорниот млад Шпанец. Последен на подиумот се искачи Алваро Баутиста на Honda. Зад него во Топ 10 се наредиja Пол Еспаргаро, кој тргна од втората позиција на стартот, потоа Дани Педроса, кој се подложи на операција пред трката во Франција, па не успеа да постигне подобар резултат од петтото место. Хорхе Лоренцо на Yamaha, кој продолжува да не може да се адаптира на новиот мотор, посебно на гумите, заврши како шести, следен од Штефан Брадл, Андреа Довициозо, Алекс Еспаргаро и Бардо Смит.

Следниот старт е на патеката Мугело во Италија, на 1 јуни.

Финецот Мика Калио ја оствари втората победа во сезонава во класата Моto2 на Светскиот шампионат во мотоциклизам. Калио беше најбрз на патеката во Ле Ман со време од 42:41.696 минути. Возачот на  на Kalex го мина Италијанецот Симоне Корсо на KLX во финишот, кој оствари време 42:42.711минути. Трет беше возачот, кој е водечки  во генералниот пласман, Естеве Рабат (Шпанија), кој исто така вози Kalex. Времето на Рабат беше  42:42.999 минути, а по оваа трка тој е лидер со 99 поени. На втораат позиција во генералниот пласман е Калио со 92, а на третата, Шпанецот Маверик Виналес со 62 поени, кој денес заврши на 4-тото место.

Австралиецот Џек Милер беше најдобар во категоријата Moto3. Милер сo својот KTM ja постигна третата победа, а низ целта мина со време од 41:30.582 минути. Второто место го освои Шпанецот Алекс Ринс со Honda, кој заврши со време 41:30.677минути. Трет е исто така еден Шпанец, но на КТМ – Исак Виналес, со време 41:30.812. Со оваа победа Милер ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман, па сега има 104 поени. На вторатапозиција е Италијанецот Романо Фена со КТМ и 74 поени. Третата позиција во светскиот шампионат е за Шпанецот Ефрен Васкез од Honda со 72 бодови, кој во Франција ја освои шестата позиција.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here