Маричиќ: Нема антибугарска кампања во тоа што им укажавме на граѓаните за Данела Арсовска

Нема антибугарска кампања во тврдењата на СДСМ дека кандидатката за градоначалник на Скопје – Данела Арсовска, има бугарско државјанство, вели Бојан Маричиќ во гостување во „Трилинг“ на „ТВ24“, прашан дали била направена таква пи-ар проценка пред партијата да реши да ги објави документите за кои тврди дека ѝ припаѓаат на Арсовска.

„Тоа што Данела Арсовска има бугарско државјанство воопшто не е проблем, ниту пак е лоша работа. Проблемот е што изрекува невистини и не ја прифаќа вистината којашто е очигледна и којашто е проверлива“, рече Маричиќ.

Тој вели дека информацијата стигнала до нив непосредно пред да ја објаваат и дека сакале да им укажат на граѓаните.

„Сакавме да укажеме, бидејќи сега дојдоа тие информации до нас, на една неискреност од страна на кандидатката на опозицијата. И ако е подготвена за ова прашање да не ја каже вистината, можеме да претпоставиме дека има и други работи за коишто не сака да ја каже вистината или не сака да даде одговор за јавноста“, вели Маричиќ.

Прочитајте и:  Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет за 2025, несовесното и неодговорното работење може да предизвика целосна блокада во функционирање на градот

Тој тврди дека „СДСМ воопшто не се впушта во антибугарска кампања“, туку „се впушта во кампања против лагите, манипулациите и изрекувањето невистини“ кои, вели, доглго време биле одлика на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво тие велеа дека е независен кандидат, а реално е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа ние удираме акцент на тоа што не се говори вистината, а не што има бугарско државјанство“, рече Маричиќ.

- Реклама -