Бразилскиот репрезентативец, Фернандињо е ново засилување на ’Граѓаните’, фудбалерот од средниот ред се сели на Етихад Стадионот во трансфер вреден 40 милиони евра.
28 годишниот Фернандињо во неколку наврати истакна дека сака да го напушти Шахтјор Доњецк во потрага на нов предизвик.
Ваквата желба на репрезентативецот на ’Кариоките’ е исполнета, дефанзивецот од средниот ред денеска потпиша за Манчестер Сити, клуб кој подолго време ги следеше неговите игри.
’Граѓаните’ не откриваат детали од зделката, но Шахтјор пренесе дека клубот од Англија платил 40 милиони евра.
„Манчестер Сити е задоволен што може да го соопшти ангажманот на бразилскиот репрезентативец Фернандињо од Шахтјор Доњецк” – гласеше известувањето на тимот од Етихад Стадионот.
Фернандињо, кој ќе го носи дресот со 25, за Mcfc.co.uk рече: „Ова е промена и шанса што ја чекам долго време. Играњето во Премиерлигата е остварување на сонот”.
„Мојата амбиција е да ги освојам сите титули со Манчестер Сити”.
„Лично за мене, ова е спектакуларно. Среќен сум што ќе играм за голем клуб во топ првенство. Се надевам дека ќе му се оддолжам на Сити за она што го направи за мене”.
„Знам дека пред мене ќе биде голем предизвик, но подготвен сум. Знам многу работи за Сити, уште кога пројавија интерес за мене, пчнав да учам многу работи за клубот”.
„Со нетрпение чекам да ги сретнам соиграчите и да станам дел од тимот. Сакам да помогнам Манчестер Сити да освои што повеќе трофеи и да исише нова историја”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал