Манчестер Сити не се дораснати за Лигата на шампионите

Попусти се милионските инвестиции во играчкиот кадар на Манчестер Сити кога избраниците на Роберто Манчини втора сезона по ред не успеваат да ја минат фазата по групи во Лигата на шампионите.

Откако лани целосно ги разочараа своите навивачи, „Граѓаните“ дефинитивно не ја научиле лекцијата ниту за оваа сезона, со оглед на фактот дека продолжија со слабите игри во рамките од групата Д.

Вчерашниот натпревар со Реал Мадрид заврши 1:1 само поради неефикасноста на гостите од Шпанија, коишто при резултат 0:1 не реализираа пет стопроцентни шанси за гол.

Бензема го доведе Реал Мадрид во водство, Агуеро израмни од пенал за Манчестер Сити откако Арбелоа заработи црвен картон. Иако имаа фудбалер повеќе во последните дваесет минути, „Граѓаните“ не успеаја да ја претворат оваа позитива во победнички погодок.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Ремито во Манчестер значеше дека Борусија Дортмунд ќе го освои првото место во оваа група, откако „Милионерите“ го декласираа Ајакс среде Амстердам со 1:4.

- Реклама -