Играчот на Атлетик Билбао, Хави Мартинез, се очекува да биде една од ѕвездите на летниот преоден рок, а Манчестер Сити за него е подготвен да одвои 15 милиони фунти.
Тој претходно најави дека ќе остане во баскискиот клуб поради тренерот Марсело Биелса, но работите се сменија откако токму аргентинскиот стратег си замина поради несогласување со раководството. Сега богатите европски клубови се обидуваат да го купат Хави Мартинез.
Се чини дека најголем ривал во трката за репрезентативецот на Шпанија, Манчестер Сити ќе има во Барселона, која исто така долг период се обидува да го убеди Мартинез да се пресели на „Камп Ноу“. Тој се наоѓа на радарот и на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, Милан, Интер, но убедливо најблиску до трансфер се Барселона и Манчестер Сити.