Малите станови во Хонгконг стануваат уште помали

apt1[1]

Кон крајот на ноември, беше објавен проект за изградба на мали станови во еден блок во едно од предградијата на Хонгконг. Според проектот, еден стан ќе биде со големина околу 12 метри квадратни. Не, не е печатна грешка, иако ваквата предвидена површина претставува 1/5 од површината на стан кој во Њујорк се води за микро-стан.

Проектот предизвика потсмев, но сеедно, еден од инвеститорите изјави дека очекува „лилипутанските“ апартмани, инспирирани од студентските соби, да привлечат голем интерес.

Жалната вистина е дека дури и тие минијатурни живеалишта од 12 квадрати се надвор од можностите на многу од младите луѓе, кои и онака не помислуваат на „палата“ од 30 метри квадратни. Причината се високите цени на живеалиштата во Хонгконг и нивната недостапност. Земјата шеста година по ред е лидер во рангирањето по недостапност на имоти, и е во топ 10 според економската нееднаквост во светот.

Во периодот на економскиот бум на Хонгконг во 70-те и 80-те години на XX век, социјалниот напредок се хранеше од поседувањето на живеалиште. За повеќето парови и семејства беше лесно да ги вложат своите з­аштеди во купување на стан. Но во последните години, поседувањето на сопствено живеалиште е смислена именка за многу од луѓето, коментираат локалните жители. Истовремено, цените на кириите и на имотите тука се многу „повисоки“ во однос на платите.

apt(2)[1]

Меѓу најголемите проблеми на градот е недостатокот од личен простор. Паралелно, многу млади бараат начини да го напуштат домот на родителите и да живеат самостојно. Баш затоа инвеститорите гледаат многу можности во ваквите микроживеалишта, кои во Кина ги нарекуваат „луксузни кафези“. Притоа истите воопшто не се евтини, и достигнуваат кирија од 644 долари месечно, заради што и многу се откажуваат од таквата идеја.

Малите станови во Хонгконг воопшто не се реткост или некаква ексцентричност. Дури и во старите згради, еден стан често се дели на неколку помали, а во секој од нив живеат луѓе. Се разбира, условите за живот опаѓаат со секое намалување на просторот. Тоа што е различно кај новите „ќибритни“ станови, е што се градени од нула.

apt4[1]

Владините мерки од 2012-та и 2013-та година со кои се воведоа дополнителни даноци за странците и за купувачите кои веќе поседуваат имот, го оладија пазарот на недвижности и го пренасочија интересот на инвеститорите кон малите живеалишта – со цел минимизирање на даноците.

Во почетокот на ноември Хонгконг објави дека ќе го зголеми данокот врз трансакциите за домување на 15%, без оглед на големината и цената на трансакцијата. Повисоките давачки нема да важат за локални жители кои купуваат живеалиште за прв пат. Властите тврдат дека со овој чекор вложуваат напори за да ја зголемат понудата на станови и да ги намалат цените, особено преку потрага по дополнително земјиште за изградба на домови и продажба на субвенционирани имоти.

­

- Реклама -