Ова секако не е прв блог пишуван од вљубеник во модата, но се издвојува од другите бидејќи автор е 12 годишно девојче со непогрешливо чувство за стил. Текстовите се многу забавни и оставаат впечаток како да се пишувани од повозрасна личност. Блогот изобилува и со фотографии на кои малата Тами експериментира со најразлични модни комбинации, и за чудо, сите знае добро да ги износи. [Style Rookie]