Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија, им се заблагодари и на „Северномакедонците“

Брисел, 24 јуни 2022 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го поздрави гласањето во бугарскиот Парламент за францускиот предлог и рече дека процесот продолжува, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот Парламент кој отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија и со тоа напредок на албанското досие“, рече Макрон попладнево на прес-конференцијата во Брисел.

Тој додаде дека по ова гласање во следните денови ќе продолжат размените на мислења со партнерите во Бугарија и Северна Македонија.

„Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено, ова е многу добар сигнал, сакам да му честитам на бугарскиот премиер и опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на ‘Северномакедонците’ за нивниот напредок“, рече францускиот претседател, кој додаде дека „има уште работа“.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -