Макети направени од шкорчиња

макетиПатрик Актон е човек со пасија. Неговата пасија е создавање на извонредни макети на познати згради користејќи шкорчиња. Тој има создадено неколку техники и процеси кои му дозволуваат да создава се покомплексни и подетални макети.

Патрик Актон е човек со пасија. Неговата пасија е создавање на извонредни макети на познати згради користејќи шкорчиња. Тој има создадено неколку техники и процеси кои му дозволуваат да создава се покомплексни и подетални макети.

Училиштето на Хари Потер, Хогвартс – 602000 шкорчиња
макети

На почетокот, Актон правел макети на структури со мазни страни. По неколку години поминати во сечење шкорчиња за да може да создаде облини, и комплицирани форми, тој открил дека може да ги поткршува и витка шкорчињата користејќи клешти со тенки врвови. Во процесот на виткање тој не користи пареа или вода. Штом свитканото шкорче ќе биде залепено на неговото место, тоа може да биде измазнето за да не остане никаква трага на оштетување. Актон ја открил оваа техника случајно додека виткал шкорчиња за неговата макета на Пинокио.

Минас Тирит, Големиот Бел Град од „Господар на Прстените“ – 420000 шкорчиња
макети
Зградата на американскиот конгрес – 498000 шкорчиња
макети

Друга техника која ја развил Актон е градње плочи. Откако илјадници шкорчиња ќе бидат залепени едно со друго, користејќи плексиглас како основа, тие се оставаат неколку дена за да се исуши лепакот. Потоа плочата од шкорчиња може да се отстрани од основата и да се искористи за создавање на носечката структура на макетите. Иако неговите техники за правење макети се подобриле со текот на времето, основниот процес е сè уште ист, лепење на шкорчиња, едно по едно. [Matchstick Marvels]

- Реклама -