Македонски веб-страници со огласи за работа

Стариот и новиот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и Диме Спасов, на заедничката прес-конференција во Владата на Република Македонија изјавија дека во Агенцијата за вработување на Република Македонија,од невработените евидентирани лица во новите регистри се пререгистрирале вкупно 224.157 лица. Од нив 98.726 се пријавиле дека активно бараат работа, а 125.431 лице се во втората категорија кои не бараат активно работа.Според податоците од Агенција за вработување на Република Македонија, на крајот од 2012 година бројот на регистрирани невработени лица кои активно бараат работа изнесува 243.403 лица.

Голем дел млади луѓе во моментов завршуваат средно образование или факултет и се наоѓаат пред дилемата што понатаму. Доколку сте во тие кои активно бараат работа и не сте сигурни од каде да почнете, подолу Ви предлагаме линкови до македонски веб страни кои можете да ги искористите во процесот на барање работа.

Вработување

На веб страницата на агенцијата за посредување за вработување Вработување ќе најдете повеќе огласи од дневните весници, нивни клиенти (поставени во делот премиум огласи). Постои можност за поставување на сопствено CV, како и поставување на оглас. Поставени се и услугите кои ги нудат како совети и едукација за работобаратели и работодавци и новости во Вработување NEWS.

vrabotuvawe

Најди Работа

Интернет порталот Најди работа на Лотос Инвестмент од Битола ги собира огласите од дневните огласи како и од нивните партнери. Има можност за пребарување по клучен збор, организација, индустрија, датум на објавување и слично. Постои регистрација само за работодавци.

najdi-rabota

Добра работа

Порталот има можност за пребарување по работа, регион, категорија, компанија и сл. Огласите се поделени по категории, а можете да објавите CV или оглас за вработување со регистрација.

добра-работа

Агенција за вработување на Република Македонија

Во електронскиот систем на Агенцијата има поставено дел каде се собираат огласи од весници.

агенција-за-вработување

Socialnet.mk – Jobs

На оваа веб страна има дел во кој се објавуваат корисни содржини за барање работа – огласи.

socalnet

Моја кариера

Проектот на USAID наменет за млади луѓе, покрај слободни позиции за работа и пракса, нуди и различни ресурси како обуки и алатки за кариера, како и можност за креирање на свој профил.

моја-кариера

Топ Кариера

Топ кариера нуди преглед на различни огласи од повеќе категории и локации, како и кариерни совети.

топ-кариера

Целосната статија можете да ја прочитате на SocialNet.mk.

- Реклама -