Ви претставуваме дел од најдобрите уметници во фото-манипулацијата. Тие се оние кои работат за големите рекламни компании не само за рекламираат одреден производ, туку да направат да се заљубиме во брендот. Создавајќи неверојатни приказни со помош на Фотошоп или некоја друга алатка за обработка на фотографии, овие уметници прават да веруваме дека магијата може да постои.
Ви претставуваме дел од најдобрите уметници во фото-манипулацијата. Тие се оние кои работат за големите рекламни компании не само за да рекламираат одреден производ, туку да направат да се заљубиме во брендот. Создавајќи неверојатни приказни со помош на Фотошоп или некоја друга алатка за обработка на фотографии, овие уметници прават да веруваме дека магијата може да постои.
Како што и самиот вели за себе Christophe Gilbert е манијак за детали и вистински верува во тоа дека малите детали можат да направат голема разлика. Гледајќи го неговото портфолио, остава без зборови како тој успева да манипулира со течности како боја и вода. Импресивната листа на клиенти на Christophe Gilbert ги вклучува и Mercedes, Toyota, Ford, Playstation и LG Electronics меѓу другите.
Riccardo Bagnoli
Riccardo Bagnoli е италијански фотограф кој живее во Бостон, Масачусетс. Неговата специјалност се рекламите, модната фотографија и портретите.
Garrigosa Studios е името зад креативните реклами на брендовите како 7-Up, Honda, Nike и Audi. Седиштето на компанијата е во Барселона. Нивната работа досега била повеќекраттно наградувана со престижни награди.
Erik Almás
Erik Almás е фотограф од Сан Франциско кој ги прави познатите реклами кои добија многу награди за брендови како Microsoft, Toyota и Nike.
Staudinger + Franke
Staudinger + Franke е познато фото студио од Виена. Дел од нивните клиенти се Visa, Heinken и Ford.
La Souris sur le Gateau
Француското студио La Souris sur le Gateau стана познато по креативните реклами за клиенти како Peugeot, Orange TV и други. Моментално нивната листа на клиенти вклучува луксузни брендови како BMW, Cartier, Chanel и Mercedes.