Стартапот кој стои зад ChatGPT преминува од непрофитна организација во профитна корпорација откако неодамна затвори круг на финансирање што го проценува на 157 милијарди долари. Одредувањето како да се распредели капиталот кога компанијата ќе стане профитна корпација е еден од најголемите предизвици со кои се соочува.
Како досега најголем инвеститор на OpenAI, Мајкрософт би можел да заврши со голем удел во она што, според сегашните проценки.
За тоа колку се важни овие проценки кажува и фактот дека и Мајкрософт и ОпенАИ ангажираа инвестициски банки да ги советуваат за процесот. Мајкрософт работи со Морган Стенли, а OpenAI ги контактираше Голдман Сакс, според луѓе запознаени со ова прашање, пишува Вол Стрит Џурнал.
Покрај тоа што ќе откријат колкав дел од реструктуираната компанија за вештачка интелигенција Мајкрософт ќе поседува, двете страни мора да сфатат какви права на управување ќе има.
Невообичаено е непрофитните организации да се претвораат во профитни компании, а особено за компанија со големина и вредност на OpenAI.
Мајкрософт, други приватни инвеститори и вработени во OpenAI моментално поседуваат права на идните профити генерирани од профитна подружница контролирана од непрофитниот одбор на OpenAI. Нивните приноси се ограничуваат делумно врз основа на тоа кога им биле издадени овие единици за учество во добивката.
Мајкрософт инвестираше 13,75 милијарди долари во OpenAI од 2019 година, вклучувајќи го и неговиот дел од најновото собирање средства на стартапот од 6,6 милијарди долари. Неговите претходни инвестиции беа направени кога OpenAI вредеше значително помалку отколку што е денес.
Покрај Голдман Сакс, OpenAI добива совети и од Мајкл Клајн, поранешен банкар на Ситигруп со блиски врски со главниот извршен директор на стартапот, Сем Алтман, велат упатените луѓе.
Друго клучно прашање ќе биде колкав капитал во профитната компанија ќе оди кај Алтман, како и кај другите вработени.
Понатамошно комплицирање на работите е веројатноста дека колку е поголем уделот на Мајкрософт, толку повеќе антимонополските регулатори ќе преземат активности за намалување на нивната моќ.
Мајкрософт и ОпенАИ имаат сложена врска во која двете компании се тесно поврзани и финансиски и технолошки. Мајкрософт е ексклузивен провајдер на клауд сервиси на ОпенАИ и ја користи својата технологија за апликацијата Copilot AI. Во исто време, Мајкрософт ги зголемува сопствените способности за вештачка интелигенција, а Алтман бара други извори на клауд сервиси.
Инвеститорите во последниот круг за финансирање на ОпенАИ, каде се вклучија и Нвидиа заедно со инвестициските фирми Thrive Capital и SoftBank, добија долг кој ќе се претвори во одредени износи на капитал кога ОпенАИ ќе стане профитна компанија.
ОпенАИ планира да стане корпорација од јавен интерес, што значи дека нејзината мисија е да генерира општествено добро заедно со профитот и да работи на одржлив начин. Сè уште ќе има непрофитна компонента на OpenAI која ќе поседува капитал во реструктуираната компанија – уште една пречка во и онака сложените преговори со Мајкрософт.
ОпенАИ има две години да стане профитабилна, или во спротивно, инвеститорите во последниот круг може да побараат да им се вратат парите што ги дале.