Home Трачарка Балканскоп Мајката на Жељко Јоксимовиќ е заробена во Ваљево

Мајката на Жељко Јоксимовиќ е заробена во Ваљево

0

Поради поплавите, Весна Јоксимовиќ, мајката на познатиот пејач и композитор, со денови не може да ја напушти нивната семејна  куќа.

Таа со јавноста го сподели нејзиното искуство и моментите кога надоаѓала водата:

– Нашата куќа овде во Ваљево се наоѓа на брдо, такашто не е поплавена, но сега ни се заканува нова опасност од подземни води и свлечишта. За сега е стабилно и се молам на Бога така и да остане, вели Весна и ја опишува страшната глетка кога водата го поплавила Ваљево.

– Денот кога сето ова се случи беше ужасно. Кога гледате како водата надоаѓа, се губите од реалноста, тоа беше навистина морничаво, толку страшно да помислите дека гледате филм. Не можам со зборови да ви опишам. Мојот сопруг Бранислав, ноќта пред сето ова, отиде во Белград, а јас останав да ги засадам цвеќињата и да ја средам куќата, затоа што тоа секогаш го правиме во овој период од годината, а потоа се случи катастрофата – изјави мајката на Жељко за српски „Ало“.

2zelko.jpg500

Таа додава  дека сѐ уште е потресена и вознемирена.

– Беше навистина страшно, а вие не можете да направите ништо, освен да се молите, во темница, бидејќи во неколку наврати струјата се гаснеше. Стоев со часови на прозорецот и се молев. Фала му на Бога не поминавме полошо од ова – раскажува Весна, која сѐ уште е сама во Ваљево.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here