Магнето живее во Хрватска (видео)

Магнето живее во Хрватска (видео)Запознајте го Иван Стоиљковиќ, 6 годишното дете од Копривница, Хрватска, кое според зборовите на неговото семејство – поседува магнетна моќ, т.е. металот се лепи за неговото тело. Со тренинг, Иван до сега успеал да залепи и да носи наоколу товар од 25 килограми.


Магнето живее во Хрватска (видео)Иван Стоиљковиќ стана вистинска сензација откако во последниве неколку дена веста за неговата моќ беше објавена на повеќе светски медиуми. Неговата баба вели дека приказната започнала откако таа видела слична приказна на телевизија и се обидела да му залепи метален предмет на нејзиниот внук. Оттогаш наваму му помага да ја зголеми тежината што може да ја разнесува.
Магнето живее во Хрватска (видео)Иако најголемиот дел од јавноста е вчудовидена од необичното момче од Копривница, не сите се убедени дека оваа моќ е слична на Магнето од X-Men или пак некој од хероите во Heroes. Некои сајтови предупредуваат дека не може да се работи за магнетизам, затоа што на кожата од Иван се лепат и тефлон и парички, нешта што не реагираат во близина на магнет. Според нив, ова е ретко пореметување на кожата, коешто предизвикува зголемено лачење на заштитната маст, за којашто се лепат предметите.
Магнето живее во Хрватска (видео)Иван сè уште не е прегледан од лекарски тим за да се утврди точната причина за тоа што му се случува, но неговиот талент се расчул насекаде низ Хрватска, па така, кај него веќе доаѓаат луѓе што бараат да ги излекува со рацете од кои се ширела енергија.

{youtube}nONp2tTOoyk{/youtube}

- Реклама -