Магнетите лечат депресија

Повеќе...

Ако патите од депресија и досега не ви помогнал ниеден антидепресив, имаме за вас одлична вест. Експерименталната терапија засега дава одлични резултати и е идеален начин да се решите од бесцелното голтање лекови.


depresija1.jpg

Секој ден во светот околу 450 милиони луѓе патат од депресија. По бројот на заболени, оваа болест е втора по ред во категоријата на масовни незаразни болести, а до 2030 година се предвидува дека ќе се најде на прво место, веднаш пред сидата. Симптомите се нервоза, потиштеност, тага, замор, исцрпеност, а секое четврто дете кое ќе побара помош од психијатар боледува од оваа тешка болест.

Магнетизмот постои уште од времето на настанување на Земјата, односно тој е толку стар колку што е стара и нашата планета. Старите народи и Египетската кралица Клеопатра познавајќи ги благотворните дејства на магнетите ги користеле за зачувување на младоста, убавината и виталноста. Силниот магнет поставен на предната страна на главата може да ја излечи депресијата.

Клиничките испитувања на овој "лек" започнале во САД. Експерименталното лечење е извршено врз 260 пациенти, а резултатите покажуваат дека третманите со магнетни бранови се навистина ефикасни. Уредот (инвазивен мозочен стимулатор) емитира магнетни импулси низ коските на главата, кои потоа како слабо електрично напојување ги "палат" мозочните ќелии. Целта се наоѓа во левиот преден дел од кората на големиот мозок, каде што, според лекарите, и се создава депресијата. Овој мозочен стимулатор се поставува на 5cm од делот на мозокот кој ја контролира моториката и почнува со емисија на магнетни бранови која трае 40 минути. Терапијата се врши пет пати неделно, најмногу шест недели. Овој метод се покажал како доста сигурен затоа што пациентите не почувствувале никакви неудобности ни последици. Не е опасна ни за лицата кои имаат хирушки имплантирани електроди.

Невролозите со години користат слични методи. Имено, доколку поставите силен магнет над делот од мозокот кој е задолжен за моториката, можете независно од лицето врз кое се врши експериментот, да ја помрднете на пример неговата рака. Тоа е доказ дека магнетизмот има влијание врз мозочната активност. Затоа и научниците се надеваат дека ваквата контрола врз работата на мозокот може да помогне во спречувањето на мозочниот инфаркт и многу други мозочни заболувања.

- Реклама -