Мадона се плаши дека фановите ќе ѝ ја украдат ДНК

Мадона наводно има „тим за стерилизација“ чија задача е бришење на сите нејзини траги за фановите да не можат да ѝ ја украдат ДНК.

Музичката легенда им наредува на своите работници да направат екстремно чистење на сите простории во кои таа престојувала за време на нејзините трунеи за да не остане ниту едно влакно ниту една капка од нејзината плунка и ни најмал дек од нејзината кожа.

Промотерот Алваро Рамос кој го надгледува португалскиот дел од MDNA турнејата изјавил: „Мораме да бидеме екстремно внимателни. Немам видено вакво нешто со ниту еден друг изведувач.“

„Не смееме ни да ги погледнеме просториите откако ќе се готови, не смееме ниту да ја отвориме вратата.“ Тој додал: „Смееме да влеземе дури откако ќе заврши нејзиниот тим за стерилизација. Нема да има ниту дел од ДНК на Мадона, ни влакно ни ништо. Тие чистат сè. На крајот мора да се осигура нејзината безбедност и удобност.“

- Реклама -