Вакво нешто, навистина ретко се гледа на фудбалските терени. Ретко кој голман би се осудил на ваква интервенција. Она на Игита повеќе се сведуваше на атракција, додека ова е една од најладнокрвните, најрационалните и најатрактивните интервенции кои сте ги виделе.
Има еден тип по име Џордан Арчер и брани за Милвол, чудо од голман.
Имено одбранбениот играч мораше да му ја врати топката од речиси половина терен. Тоа го направи бајаги трапаво, па голманот мораше да интервенира на спектакуларен начин. Во случај да не ја регистриравме оваа одбрана како една од најдобрите, автоголот секако дека ќе беше.